Трамп за амбасадорка именуваше модна креаторка

Претседателот на САД, Доналд Трамп за нова амбасадорка во Јужна Африка именуваше модна креаторка од јужна Флорида.

Белата куќа именувањето на Лана Маркс, која по раѓање е Јужноафриканка го објави доцна синоќа.

Маркс пораснала во Јужна Африка и сега е извршен директор на модна фирма која ги снабдува славните личности.

САД немаа амбасадор во земјата од изборот на Трамп за претседател. Поради овој факт, имаше мноштво критики дека владата на Трамп не е доволно посветена на односите со Јужна Африка.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари