Трамп: Војниците ќе останат на границата со Мексико колку што е потребно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војниците на границата со Мексико ќе останат таму колку што ќе биде потребно.

„Имаме голема воена сила на јужната граница, а постојат многу луѓе кои се обидуваат да влезат во нашата земја“ изјавил Трамп во Белата куќа, пред да замине во Калифорнија.

Тој додал дека војниците направиле многу голема бариера. Околу 5.900 војници се упатени долж границата со Мексико за да помогнат на граничарите во спречувањето на илегалниот влез на мигрантите.

Освен војници, ангажирани се и околу 2.100 резервисти на Националната гарда. Трамп се одлучи на таа мерка, за да го спречи караванот од неколку илјади мигранти од централна Америка да влезе во САД, пренесе РСЕ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари