Трамп ветил дека ќе ги покаже „љубовните писма" на ...

Претседателот на САД Доналд Трамп во интервју кое го дал за за "Вашингтон пост" ветил дека ќе ги покаже посмата кои ги добил од лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, кои ги нарекол "љубовни".

Американскиот лист нагласува дека шефот на Белата куќа спонтано почнатл да зборура за ситуацијата која се однесува на Корејскиот полуостров. Тој се пожалил на критиките од медиумте по повод неговите акции и се нашалил дека е "заљубен" во Ким Јон Ун. Трамп се повикал на писмата кои ги добил од лидерот на Севрна Кореја како доказ за нивниот продуктивен однос.

"Ќе ви ги покажам писмата. Личат на љубовни "писма" рекол тој.

Весникот не објаснува за какви писма се работи, дали се објавени, или ќе се објават.

Ова не е прв пат американскиот лидер да се шегува на тема дека тој и лидерот на Северна Кореја "се "заљубени еден во друг".

За тоа претседателот зборувал пред своите следбеници во Западна Верџинија. Тогаш Трамп рекол дека Ким Јонг Ун му пишувал "преубави писма".

Поврзани

Најнови вести

Коментари