logo
logo
logo

Трамп: Утре го враќам ТикТок

Vecer | 19.01.2025

Трамп: Утре го враќам ТикТок

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе потпише извршна наредба утре, на неговиот прв ден од функцијата, со која ќе му се овозможи на TikTok привремено да продолжи со работа во Соединетите држави, истовремено сугерирајќи дека американската влада може да преземе делумна сопственост на социјалната мрежа.

Во објава на Truth Social, неговата сопствена социјална мрежа, Трамп рече дека „нема да дозволи TikTok да остане во темнина“ откако ќе ја преземе функцијата претседател утре. Апликацијата, за потсетување, синоќа го прекина пристапот на Американците во пресрет на законот за забрана на TikTok, кој беше усвоен минатата година. Откако минатата недела беше потврден од Врховниот суд, законот стапува на сила денеска.

„Во понеделник ќе потпишам извршна наредба за суспендирање на законската забрана за да можеме да направиме договор за заштита на нашата национална безбедност. Наредбата исто така ќе потврди дека нема да има одговорност за која било компанија што помогнала TikTok да се затвори пред мојата наредба.“, напиша Трамп во соопштението.

Трамп предложи дека САД би можеле да заземат „50% сопственичка позиција“ во TikTok како дел од заедничко вложување, сугерирајќи дека тоа би можело да значи соработка со матичната компанија ByteDance.

„Со тоа, ние го спасуваме TikTok, го чуваме во добри раце и му дозволуваме да го каже своето мислење. Без одобрение од САД, не постои TikTok. Со наше одобрение, тој вреди стотици милијарди долари - можеби трилиони “, напиша Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk