Трамп телефонски му ја честиташе победата на Путин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин, соопшти Белата куќа.

Од таму само кусо соопштиле дека двајцата претседатели разговарале телефонски, без да наведат детали. Меѓутоа, Трамп при средбата со саудискиот принц во Белата куќа во куса изјава рече дека му ја честитал победата на изборите на Путин. Трамп рекол дека сака да се сретне со Путин во не толку далечна иднина за да разговараат за трката со вооружување, за Украина, Сирија и за Северна Кореја.

Кремљ, исто така, претходно соопшти дека Трамп му го честитал на Путин освојувањето на четвртиот претседателски мандат.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари