logo
logo
logo

ТРАМП СО ЧИСТКА И ВО ЦИА – Им побуди доброволно да си заминат

Vecer | 05.02.2025

ТРАМП СО ЧИСТКА И ВО ЦИА – Им побуди доброволно да си заминат

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) понуди доброволни пакети за отпремнина на сите вработени со цел да ја преобликува својата работна сила во согласност со политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Волстрит журнал.

Портпаролот на ЦИА изјави дека мерките се дел од стратегијата на новиот директор на ЦИА Џон Ретклиф, пренесе Ројтерс.

„Директорот Ретклиф дејствува брзо за да се осигура дека работната сила на ЦИА е усогласена со приоритетите на администрацијата за национална безбедност. Овие мерки се дел од сеопфатната стратегија за заживување на агенцијата“, се вели во соопштението на ЦИА.

Агенцијата не објави податоци за буџетот или бројот на вработени и не одговори на барањето за коментар. Понудата за отпремнина е дел од широката реформа на американската влада што ја спроведува администрацијата на Трамп, која досега отпушти стотици државни службеници во обид да ја намали бирократијата и да ги постави лојалистите на клучни позиции.

Минатата недела Белата куќа понуди платено отсуство до 30 септември за два милиони федерални вработени со полно работно време.

Во меѓувреме, синдикатите кои ги застапуваат државните службеници поднесоа тужба во обид да го блокираат планот.

Ретклиф, поранешен член на Претставничкиот дом и поранешен директор на националното разузнавање за време на првиот мандат на Трамп, беше потврден за директор на ЦИА од Сенатот само неколку дена откако Трамп го започна вториот мандат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk