Трамп: Ситуацијата со Северна Кореја се одвива многу добро

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека односите со Северна Кореја се одвиваат многу добро и очекува да се случуваат добри работи во иднина.

Тој пред новинарите навести дека неговата администрација направила напредок во денуклеаризацијата на Северна Кореја, пренесе јужнокорејската агенција „Јонхап“.

„Ситуацијата се одвива многу добро. Односите се многу добри. Мислам дека ќе се случат многу добри работи“, рече Трамп.

Првиот човек на САД додаде дека планира нова средба со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по изборите за Конгресот закажани за 6 ноември.

„Во период од неколку месеци, ние направивме нешта кои никој не ги направил 70 години“, рече Трамп.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари