Повторно закани

Трамп: Само една работа ќе успее при соочување со Северна Кореја, Ким: Само пробај!

Само неколку часа откако американскиот претседател ја даде оваа последна изјава, севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун изјави дека нивното нуклеарно оружје е "моќна, застрашувачка сила", што гарантира сувереност на Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „само една работа" ќе има ефект при соочување со Северна Кореја, по преговорите на претходните администрации со Пјонгјанг кои биле неуспешни.

- Претседатели и нивните администрации 25 години преговарале со Северна Кореја, постигнати се договори и огромно количество пари се потрошени. Не успеа, договорите се прекршени пред да се исуши мастилото, и поради тоа американските преговарачи се вистински будали. Извинете, но само една работа ќе успее!, напиша Трамп на Твитер.

Сепак Трамп не објасни на која работа мисли.

Трамп неодамна истакна дека САД ќе ја уништат Северна Кореја доколку биде неопходно, со цел да се заштитат себе си и своите сојузници.

Само неколку часа откако американскиот претседател ја даде оваа последна изјава, севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун изјави дека нивното нуклеарно оружје е "моќна, застрашувачка сила", што гарантира сувереност на Северна Кореја, објавија државните медиуми.

Во говор на состанок на ЦК на владејачката Работничка партија, државните медиуми објавија дека Ким се осврнал на "сложената меѓународна ситуација".

- Нуклеарното оружје на Северна Кореја е "моќна, застрашувачка сила што цврсто го штити мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров и Североисточна Азија, рекол Ким, осврнувајќи се на "долготрајните нуклеарни закани на американските империјалисти".

– Националната економија има раст оваа година, и покрај санкциите, навел Ким во врска со резолуциите на СБ на ОН со кои се воведоа санкции против режимот во Пјонгјаг заради нуклеарната и ракетна програма.

На состанокот се направени и неколку персонални промени во власта. Сестрата на Ким, Ким Јо Џонг (30) е назначена за заменик член на Политбирото, највисоко тело со кое претседава претседателот на државата, јавуваат јужнокорејски медиуми.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари