Тоа не се луѓе, тоа се животни...

Трамп распали по садистичките криминалци, водачи на мигранти! (Видео)

Опасни и најнасилни престапници, кои не сакаат да соработуваат со миграционата служба на сојузно ниво.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарекол "животни" оние кои профитираат од илегалните мигранти овозможувајќи им сместување по американските градови.

- Ќе ги протераме тие луѓе од земјата. Неможете да поверувате колку тие луѓе се лоши, опасни – рекол Трамп на разговор за градовите во Калифорнија кои одбиваат да соработуваат со миграциската служба на сојузно ниво.

 

- Тоа не се луѓе, тоа се животни. Ги протеруваме од земјата со брзина со која досега не сме работеле – рекол американскиот претседател и додал дека калифорнискиот закон им даваа сместување на "опасни престапници кои се едни од најнасилни во светот, како што се членовите на групата МЅ-13 криминална банда од Салвадор.

Трамп додал дека "невини мажи, жени и деца се на немилост од садистичките криминалци".

Неговата изјава предизвикала жестока реакција кај демократите кои рекле дека мигрантите се човечки суштества.

Во Калифорнија, упориште на демократите, живеат најмногу илегални мигранти во САД.

Калифорниските градови сакаат да ја омекнат емиграцијата во американското општество со разни мерки, кои сојузната власт не го одобруваат.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари