Трамп: Пакистан го криеше Осама и земаше пари од нас

Американскиот претседателот Доналд Трамп го обвини Пакистан дека го криел лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, додека добивал милијарди долари американска помош. На обвинувањата возвратил пакистанскиот премиер, Имран Кан.

„Кан на својот Твитер напиша дека Пакистан има 75.000 жртви и изгубил 123 милијарди долари во американската војна против тероризмот“ наспроти фактоите дека ниту еден Пакистанец не учествувал во нападот изведен на 11 септември на САД.

Кан наведува дека САД им обезбедиле помош од 20 милијарди долари, пренесе АП.

Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рекол дека секој во Пакистан знаел каде се наоѓа Бин Ладен и дека никој ништо не рекол наспроти тоа што САД на таа држава и` пружаа помош во износ од 1,3 милијарди долари годишно.

Трамп рекол дека ја укинал таа помош, бидејќи тие ништо не направиле за САД.

САД и Авганистан долго време го обвинуваа Пакистан дека „мижи“ на присуството на исламски екстремисти и им пружа засолниште на лидерите на авганистанските талибанци.

Пакистан ги негира таквите обвинувања тврдејќи дека големите жртви кои ги има се поради судирите со пакистанските талибанци.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари