Трамп: Обама да беше на самитот ќе беше прогласен за херој

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги нападна медиумите, тврдејќи дека поубаво ќе известувале од самитот со Северна Кореја, ако таму бил Барак Обама.

„Претседателот Обама да оствареше добри односи со Северна Кореја и да преземеше чекори кон мирот, лажните вести ќе го наречеа национален херој“ порача Доналд Трамп на Твитер.

Тој исто така нагласи и дека Обама морал да војува, поради што загинале милиони луѓе.

Трамп се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на историскиот самит во Сингапур на 12 јуни.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари