Трамп: Нема да има парада, одиме во ноември во Париз

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ја откажал воената парада планирана за ноември, бидејќи цената е „апсурдно висока" и дека, наместо тоа, ќе го посети Париз на 11 ноември, за да присуствува на комеморацијата за Денот на ветераните.

Американското Министерство за одбрана претходно соопшти дека е одложено одржувањето на парадата барем до следната година.

-Можеби ќе направиме нешто наредната година кога трошоците (за одржување парада) значително ќе се намалат, напиша Трамп на Твитер, откако се појавија спекулации дека парадата би ги чинела САД околу 92 милиони долари.

Трамп минатата година повика на одржување патриотски воени паради. (МИА)

Поврзани

Најнови вести

Коментари