Трамп: Можно е принцот да знаел за убиството на Кашоги

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД ќе останат покрај Саудиска Арабија и покрај тоа што е веројатно принцот Мохамед бин Салман да знаел за убиството на новинарот Џамал Кашоги.

„Нашите разузнавачки служби ќе продолжат да ги анализираат информациите. Сепак, постои можноста дека престолонаследникот, принцот Бин Салман, бил запознаен со овој трагичен настан. Можеби знаел, можеби не“, рече Трамп.

Тој додаде дека злосторството против Кашоги е ужасно и Америка не го одобрува, но не планира да ги откаже договорите со Ријад бидејќи од тоа корист би имале само Русија и Кина.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари