Трамп ја именува Хедер Нојерт за нов амбасадор на САД во ОН

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја именува портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нojерт за нов амбасадор на САД во Обединетите Нации. Ваквата одлука ја објави прва агенцијата Блумберг, повикувајќи с ена повеќе извори, додека телевизијата Фокс њус пренесува дека американскиот претседател одлуката ќе ја соопшти денеска на Твитер.

Белата куќа и Стејт департментот не ја потврдуваат информацијата.

Сегашната американска амбасадорка во Светската организација, Ники Хејли поднесе оставка во октомври, по 18 месеци од извршувањето на функцијата. Се очекува таа да се повлече од должноста во јануари.

Нојерт, која е поранешен дописник и водител во телевизијата „Фокс њуз“, нема претходно политичко или раководно искуство.Таа е портпарол на Стејт департментот од април 2017 година, а оваа година беше назначена за помошник-секретар за јавна дипломатија и јавни работи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари