logo
logo
logo

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Vecer | 21.10.2021

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена „Truth Social“, откако во јануари беше исклучен од Твитер, Фејсбук и Јутјуб.

Од платформите од кои беше исклучен, го обвинија за поттикнување на поддржувачи на насилство пред нападот на Конгресот.

„ Јас ги формирав „Truth Social“ и групата за медиуми и технологија на Трамп (ТМТГ) за да се спротивставам на тиранијата на технолошките гиганти“, рече Трамп во изјавата, прецизирајќи дека неговата платформа ќе биде лансирана во првиот квартал од 2022 година.

Тој нагласи дека големите компании во Силиконската долина ја искористиле својата еднострана моќ за да ги замолчат гласовите на несогласување во Америка.

Републиканскиот милијардер беше исклучен од Фејсбук, Твитер и Јутјуб по нападот врз американскиот Конгрес на 6 јануари, што го извршија неговите поддржувачи за време на церемонијата на потврдување на победата на Џозеф Бајден на претседателските избори.

Пред да биде исклучен, Трамп имаше речиси 89 милиони следбеници на Твитер, кога објави голем број претседателски одлуки, имаше 35 милиони следбеници на Фејсбук и 24 милиони на Инстаграм.

Платформата „Truth Social“ ќе биде достапна во бета верзија на повик од ноември 2021 година, се наведува во соопштението, додека новата медиумска групација на Трамп TMTG ќе има и видео сервис на барање со забавни програми и подкасти.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk