Трамп го смени Тилерсон 

Претседателот на САД, Доналд Трамп го смени државниот секретар Рекс Тилерсон, јави „Вашингтон пост“. На местото на Тилерсон функцијата државен секретар ќе ја извршува досегашниот шеф на ЦИА, Мајкл Помпео.

Информацијата ја потврди и Доналд Трамп на „Твитер“.

„Вашингтон пост“, истакна дека тоа е знак на промена во тимот на Трамп, пред почетокот на преговорите со Северна Кореја.

Наместо, Помпео, на чело на агенцијата ЦИА за прв пат е поставена жена, Џина Хаспел, досегашната заменичка на директорот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари