Трамп го одложи објавувањето на документите за истрагата на ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп го одложи објавувањето на низа документи поврзани со почетокот на истрагата на ФБИ за наводното руско мешање во американските избори.

Објавувањето е одложено бидејќи правосудните органи го замолиле Трамп претходно тие да ги разгледаат документите.

Трамп вечерва во низа пораки на „Твитер“ изрази надеж дека тоа ќе биде брзо завршено и дека документите наскоро ќе бидат достапни за јавноста.

Официјални лица од Министерството за правда наведоа дека објавувањето на документите може да има негативни влијанија.

Трамп пред два дена ја отстрани ознаката за тајност на низа документи поврзани со почетокот на истрагата на ФБИ за наводно руско мешање во изборите во САД, вклучувајќи дел од налогот за таен надзор и пораките на некогашниот шеф на ФБИ, Џејмс Коми.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари