Трамп добил позитивно писмо од Џонг-ун, следи нов состанок меѓу лидерите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, доби писмо од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, за закажување на втора средба меѓу двајцата лидери, а и во Белата куќа има располoжение за ваков состанок, соопшти портпаролката, Сара Сандерс.

Таа го опиша писмото на Ким како топло и позитивно, објави „Ројтерс“.

Сандерс изјавила дека воената парада, што се одржа во неделата во Пјонгјанг, е знак за напредок во преговорите за денуклеаризација, бидејќи на истата не биле прикажани нуклеарни проектили со долг дострел.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари