Трамп бара засилени проверки за купувачите на оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп ги поддржува напорите за зајакнување на проверката на купувачите на оружје, објави Белата куќа.

Како што пренесуваат светските медиуми, Белата куќа соопшти дека американскиот претседател разговарал со републиканскиот сенатор Џон Корнин за мерката која што тој ја направил со демократскиот сенатор Крис Марфи кон крајот на минатата година, со цел зајакнување на проверката на идните сопственици на оружје.

Властите објавија ученикот кој што минатата година уби 17 лица во училиште на Флорида, оружјето го купил легално. „Додека се водат расправи и се размислува за ревизија, претседателот поддржува напори за подобрување на системот за проверка на купувачите на оружје“, изјави денес портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари