logo
logo
logo

Трамп: Бајден не доведе до работ на Трета светска војна

Vecer | 29.01.2023

Трамп: Бајден не доведе до работ на Трета светска војна

Трамп рече дека тој би преговарал со Русите и дека мировниот договор ќе биде потпишан во рок од 24 часа.

„Џо Бајден, преку слабост и неспособност, не доведе до работ на Трета светска војна. Добро ме слушнавте, ние сме на работ на Трета светска војна. Кога повторно ќе бидам претседател, ќе го вратам мирот со сила“, рече Трамп. .

Инаку, тој ја започна предизборната кампања, првпат откако ја објави кандидатурата за враќање во Белата куќа. Тој го одржа својот прв говор на годишниот состанок на Републиканската партија во Салем.

На Трамп неодамна му беше дозволено да се врати на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм од кои беше исфрлен откако неговите поддржувачи упаднаа во Капитол пред две години. Тој веќе можеше да се врати на својот омилен Твитер, бидејќи мрежата ја купи иноваторот и мултимилијардер Илон Маск.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk