logo
logo
logo

Трамп: Бајден не доведе до работ на ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА (ВИДЕО)

Vecer | 29.01.2023

Трамп: Бајден не доведе до работ на ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА (ВИДЕО)

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го прозва својот наследник Џо Бајден за неговата политика кон војната во Украина. Трамп рече дека ќе преговара со Русите и дека мировниот договор ќе биде потпишан во рок од 24 часа.

Трамп: Ние сме на работ на третата светска војна. Ќе го вратам мирот

„Џо Бајден преку слабост и неспособност нè доведе до работ на третата светска војна. Добро ме слушнавте, ние сме на работ на третата светска војна. Кога повторно ќе бидам претседател, ќе го вратам мирот со сила“. рече Трамп.

Инаку, тој ја започна предизборната кампања, првпат откако ја објави кандидатурата за враќање во Белата куќа. Тој го одржа својот прв говор на годишниот состанок на Републиканската партија во Салем.

На Трамп неодамна му беше дозволено да се врати на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, од кои беше избркан поради инвазијата на неговите приврзаници во Капитол пред две години. Тој веќе можеше да се врати на својот омилен Твитер, бидејќи мрежата ја купи иноваторот и мултимилијардер Илон Маск.

Извор: Јутарњи

Фото: принтскрин јутјуб

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk