logo
logo
logo

ТРАГИЧНИ БРОЈКИ: Над 500.000 смртни случаи во САД, тоа е 19% од вкупниот број во светот, иако САД се само 4% од светската популација

Vecer | 23.02.2021

ТРАГИЧНИ БРОЈКИ: Над 500.000 смртни случаи во САД, тоа е 19% од вкупниот број во светот, иако САД се само 4% од светската популација

Во текот на вчерашниот ден,  САД ја преминаа трагичната бројка од 500.000 смртни случаи од ефектите на коронавирус. Помина точно една година откако првата жртва почина во САД, во округот Санта Клара, Калифорнија.

Поради трагичната бројка, претседателот Џо Бајден нареди знамињата на сите јавни згради да бидат на половина копје до самрак во петок навечер.

"На овој тажен ден, се сеќаваме на загубата и на луѓето кои ги изгубија своите најблиски. Ние како нација мора да ги паметиме тие луѓе за да можеме да лекуваме, обединуваме и да најдеме значење како една нација да ја победиме оваа пандемија", рече американскиот претседател Бајден .

Според официјалните податоци, досега САД имале над 28 милиони случаи на инфекција. Вкупно 19% од смртните случаи на глобално ниво отпаѓаат на САД, иако САД претставуваат само 4% од светската популација. Добрата вест во оваа трагедија е што бројките во САД се подобруваат овие денови, бројот на новозаболени, но и хоспитализирани е најмал од Божиќните празници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk