logo
logo
logo

Трагедија во руски рудник: Најмалку 11 загинати и над 40 хоспитализирани рудари (ВИДЕО)

Vecer | 25.11.2021

Трагедија во руски рудник: Најмалку 11 загинати и над 40 хоспитализирани рудари (ВИДЕО)

Спасувачките екипи биле испратени во рудникот по дојавата дека се појавил чад на длабочина од 250 метри. Иако нема потврда дека имало експлозија или пожар во рудникот, Министерството за кризни состојби соопштило дека чадот ги попречува спасувачките напори.

Во моментот на инцидентот во рудникот имало 285 луѓе, а повеќе од 200 биле евакуирани. Кузбас е област во Сибир, на околу 3000 километри од Москва. Познат е по огромните резерви на јаглен. Инцидентот се случил во рудникот Листвијазнаја во близина на малото гратче Белово.

Регионалниот гувернер Сергеј Цивилов изјавил дека 43 лица се префрлени во болница, а четворица се во тешка состојба.

Тој додаде дека на местото на несреќата работат 19 спасувачки екипи.

Неименуван извор од спасувачките служби за агенцијата ТАСС изјавил дека во рудникот се запалила јагленова прашина, што довело до ширење на чадот низ вентилацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk