logo
logo
logo

Трагедија во Германија: Автобус од Србија се превртел на автопат, повредени се најмалку 19 лица

Vecer | 30.07.2021

Трагедија во Германија: Автобус од Србија се превртел на автопат, повредени се најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени, од кои двајца потешко, при превртување на автобус на германскиот автопат А13 меѓу Стааков и Фрајвалде, во правец кон Берлин, пишува SWP.

Според неофицијални информации, се работи за автобус од Србија. Сè уште не е познато колку патници имало во автобусот, но се знае дека тие биле од Германија, Србија, Шведска и Израел.

Возачот сакал да сврти на паркингот, но удрил во заштитна ограда и излетал од патот, по што автобусот се превртел. Причината за несреќата останува целосно нејасна, изјави Торстен Вендт, портпарол на локалната полициска управа.

Според Билд, повеќе од 70 спасувачки возила и шест хеликоптери се вклучени во спасувањето на повредените.

- Шест спасувачки хеликоптери, 30 спасувачки возила и 12 амбулантни возила се на должност. Пристигнала противпожарна бригада со 22 возила. Автопатот е затворен во двата правци - пишува Билд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk