Шестгодишно момче било застрелано во петокот наутро во Калифорнија, додека неговата мајка го возела до училиште, пишуваат американските медиуми.

Ејдан Леос бил на задното седиште во семејниот автомобил, во текот на возењето во колона на еден од автопатите во Лос Анџелес, бел Фолксваген го пресече патот на мајката на Ајден. Револтирана, таа му покажала средн  прст на ретровизор.

Ова толку многу го разбеснило совозачот од тој автомобил, што извадил пиштол и пукал и го погодил шестгодишниот Ејдан во грбот.

„Мамо, мамо, ме боли стомакот“, извикало момчето. Мајката застанала на страна, повикала брза помош но за него немало спас, ѝумрел во раце.