logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА! 9 ЛИЦА ЗАГИНАА, А 2 ДЕЦА ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА ПО ПАД НА КАБИНА ОД ЖИЧАРА

Vecer | 23.05.2021

ТРАГЕДИЈА! 9 ЛИЦА ЗАГИНАА, А 2 ДЕЦА ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА ПО ПАД НА КАБИНА ОД ЖИЧАРА

Пред помалку од 1 час се случи огромна трагедија во Италија, најмалку девет лица загинаа при пад на кабина од жичара кај езерото Маџоре во северна Италија, објавија италијанските медиуми.

За време на несреќата во кабината имало најмалку 11 лица, според „Ла Република“. Две деца се во критична состојба и се пренесени во болница во Торино.

Тие додаваат дека кабината паднала на една од највисоките можни точки на земјата. Се шпекулира дека падот бил од висина од сто метри.

Засега ништо не се познати причината за несраќата. Италијанските медиуми шпекулираат дека станува збор за дефект или проблем со носечкиот кабел.

Несреќата се случила кога носечкиот кабел се олабавил, во време кога кабината скоро го достигнала врвот, на една од највисоките точки на трасата. Жичарницата беше затворена во 2014 година поради сервисирање и повторно се отвори две години подоцна.Санирањето чинело 4 милиони евра, пишува Газета.

Алпските служби за спасување и хеликоптерот брзо пристигнаа на местото на несреќата. Ним им требаше време да го пронајдат местото каде што падна кабината. Нивната работа дополнително била отежната од фактот дека станува збор за непристапен терен.

На патот до местото на несреќата, едно противпожарно возило се превртело, но никој од пожарникарите не бил повреден. Сите пристапи на патот до тоа место се затворени.

На официјалната веб-страница на жичарницата се вели дека обично се потребни дваесетина минути за да се искачи на 1491 метри надморска височина на планината Мотароне.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk