Торнадо направо пустош во Западна Германија

Торнадо направи пустош во Германија. Областа Фирзен во Западна Германија синоќа ја погоди торнадо, кое нанесе големи штети.

Во невремето најмалку едно лице е сериозно повредено, кога врз него паднале дебели и тешки гранки од дрво.

Паднатите гранки од дрвја блокираа повеќе патишта, а затворена е и една железничка линија.

Во градот Фирзен – Бојсхајм дел од куќите се многу оштетени, па жителите морале да бидат згрижени на друго место.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари