"Тој трибунал е нелегитимен"! Трамп воведува санкции на хашкиот суд...

"Овој суд е закана за суверенитетот на Америка, нема да соработуваме со нив, за нас тој е мртов".

Американскиот претседател е подготвен да воведе санкции на Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) во Хаг доколку на обвинителна клупа се најде државјанин на САД

Овој суд моментално разгледува подигање обвинение против најмалку еден американски војник поради напад врз заробеник во Авганистан.

Џон Болтон, советникот за национална безбедност на Трамп и еден од неговите блиски соработници, го довел во прашање и самиот легимитет на овој суд.

- Овој суд е нелегитимен и ќе сториме се да ги заштитиме нашите граѓани. Судот претставува закана по американскиот суверенитет и национална безбедност. Нема да соработувме, нема да му помагаме, ќе го пуштиме самиот себе да се угаси. На крај на краиштата, овој суд е веќе мртов за нас, порачал Болтон.

Во извештајот на Меѓународниот кривичен суд од 2016 се наведува дека постојат докази дека американската армија има тајни затвори во Авганистан кои се наоѓаат под управа на ЦИА, како и тоа дека авганските и талибанските власти сториле кривични дела.

Обвинителството на овој суд може да спроведе независна истрага, но за подигање обвинение неопходно е одобрување на од сутскиот совет.

САД се наоѓаат меѓу неколкуте десетина држави кои не го подржувале основањето на оваа меѓународна институција.

Инаку во негова надлежност спаѓаат случаи како што се геноцид против човештвото.
Мегународниот кривичен суд во Хаг е основан по Римски статут од 2002 година, кои досега го потпишале 123 земји

Можни консеквенции:
- на судиите и обвинителите им се забранува влез во САД
- сметките на судиите и обвинителеите ќе им бидат блокирани во САД - судиите и обвинителите ќе бидат цел на правосудството во САД

Инаку  Кина е прва земја која нити ја признава ниту ја испочитува изечената пресуда на Хашкиот суд, кој своевермено и изече пресуда на Кина која не дозволува користење на водите во Јужно кинеското море од страна неколкуте земји кои се во нејзино опкружување како што се како што се Филипини, Виетнам, Брунеи Малезија и др.

Поврзани

Најнови вести

Коментари