logo
logo
logo

Тинејџер во САД прободел девојче 114 пати, a потоа правел селфи во полициски автомобил

Vecer | 31.05.2021

Тинејџер во САД прободел девојче 114 пати, a потоа правел селфи во полициски автомобил

На тинејџер од Флорида ќе му се суди како на возрасен бидејќи е осомничен за убиство на девојка која ја прободел 114 пати. Нападот бил толку брутален што тинејџерот го скршил врвот на ножот кој се заглавил во главата на жртвата.

Неименувано 14-годишно момче е осомничено за убиството на Тристин Бејли (13) од Џексонвил. Првично беше обвинет за убиство од втор степен, но по разгледување на случајот и тежината на извршеното злосторство, властите поднесоа обвинение за убиство од прв степен до судот за возрасни.

Девојчето беше пронајдено мртво во шумата на 9-ти мај. Таа имала 114 убодни рани по телото, од кои 49 биле одбранбени и се наоѓале на рацете и главата.

Осомничениот им рекол на пријателите дека „има намера да убие некого“, а на облеката му била пронајдена ДНК на жртвата, пишува NBC News.

„Тој не кажа кого, но им навести на сведоците дека ќе убие некого со тоа што ќе ја однесе жртвата во шумата и ќе ја прободе со нож“, изјави државниот обвинител Р.Ј. Ларица.

На 9 мај, додека бил во полициско возило, осомничениот се фотографирал и објавил селфи. Полицијата соопшти дека осомничениот бил фотографиран додека Бејли сè уште се сметала за исчезната, а осомничениот за сведок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk