logo
logo
logo

ПРИНУДНО СЛЕТУВАЊЕ ЗАРАДИ ИНЦИДЕНТ: Патник направил хаос во авион

Vecer | 06.03.2021

ПРИНУДНО СЛЕТУВАЊЕ ЗАРАДИ ИНЦИДЕНТ: Патник направил хаос во авион

Авион кој летал од Париз за Њу Делхи морал принудно да слета во Софија заради агресивно однесување на еден од патниците, заради што му се заканува затворска казна до 10 години, соопштиле денеска бугарските власти.

Патникот на летот, инаку државјанин на Индија, почнал агресивно да се однесува набрзо по полетувањето.

Како што објаснил од Националната истражителна агенција Ивајло Ангелов, тој се карал со останатите патници, ја навредувал стјуардесата и удирал по вратат од кокпитот.

Заради неговото однесување, капетанот морал да бара принудни слетување во Софија, пренесува Ројтерс.

Човекот, чие име не е откриено, бил изведен од авионот и обвинет за загрозување на безбедноста на летот за што му се заканува казна до 10 години затвор.

„Ги истражуваме неговите мотиви и однесување, за кое не постои разумно однесување“, рекол Ангелов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk