logo
logo
logo

Тела на четири бебиња се пронајдени во куќа во Бостон

Vecer | 29.11.2022

Тела на четири бебиња се пронајдени во куќа во Бостон

Во куќа во САД се пронајдени тела на четири бебиња, јавуваат американските медиуми. Едно од телата е пронајдено во замрзнувачот, соопшти локалната полиција.

На 17 ноември, полицијата одговорила на пријавата за интервенција во Јужен Бостон, а моментално не е јасно кој повикал полиција. Полицијата на местото на настанот пронашла „нешто што наликува на човечки фетус или доенче“. Следниот ден, 18 ноември, детективите пронашле уште човечки останки, за кои е утврдено дека се две момчиња и две девојчиња (заедно со  останките од претходниот ден). Едно од нив било во замрзнувач.

На телата е извршена обдукција, а се чекаат резултатите од обдукцијата, соопшти полицијата. Полицијата не идентификувала потенцијални осомничени. Детективите за убиства продолжуваат да го истражуваат инцидентот, заедно со канцеларијата на окружниот обвинител на округот Сафолк, соопшти полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk