logo
logo
logo

Тедрос: Некои земји претераа со реакцијата на омикрон

Vecer | 30.11.2021

Тедрос: Некои земји претераа со реакцијата на омикрон

„Добро ја разбирам загриженоста на сите земји да ги заштитат своите граѓани од варијантата што сè уште не ја разбираме целосно“, рече шефот на СЗО.

„Подеднакво сум загрижен што некои земји-членки воведуваат остри, општи мерки кои не се ниту засновани на докази ниту ефикасни сами по себе и само ќе ги зголемат нееднаквостите“, додаде тој.

Првпат забележана во Јужна Африка пред една недела, варијантата омикрон предизвика глобален аларм, доведе до забрана за патувања и дополнително покажа разлика помеѓу масовната вакцинација кај богатите и ниските вакцинации во сиромашните земји.

Обраќајќи се на состанокот зад затворени врати, лидерот на СЗО апелира до 194 земји-членки да се придржуваат до „рационални и пропорционални“ мерки, се наведува на веб-страницата на СЗО.

„Сè уште има повеќе прашања отколку одговорите за сериозноста на варијантата и ефективноста на вакцината, рече Тедрос.

Досега не се пријавени смртни случаи од омикрон, иако СЗО вели дека оваа варијанта на коронавирусот претставува висок ризик за ненадејно зголемување на бројот на заразени.

„Уште еднаш, им благодарам на Боцвана и Јужна Африка што толку брзо ја открија, секвенционираа и пријавија оваа варијанта“, рече Тедрос.

„Длабоко загрижувачки е што другите сега ги казнуваат тие земји затоа што ја направиле вистинската работа“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk