Татко ја држи раката на својата мртва ќерка под урнатините во Турција

Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови се срамнети со земја.
Спасувачите се во трка со времето. Бројот на загинати расте со голема брзина. СЗО претходно денеска процени дека бројот на загинати може да се искачи и на 20.000.
Освен со афтершокови, спасувачите се борат и против студот. Луѓето се заробени под урнатините каде што се изложени на ризик од смрт од студ, глад или повреди.
Една од пошокантните фотографии доаѓа од уништениот од земјотресот град Кахраманмарас. Месут Ханзер ја држи за рака својата петнаесетгодишна ќерка. Таа лежи мртва на креветот, затрупана под урнатините и не е можно да се извлече.