logo
logo
logo

Тајван: Кина лансираше 11 балистички ракети во водите во близина на островот

Vecer | 04.08.2022

Тајван: Кина лансираше 11 балистички ракети во водите во близина на островот

Министерството за надворешни работи на Тајван, пак, ја обвини Кина дека ја имитира Северна Кореја со истрелување проектили во водите во близина на островот и повика на воздржаност, во време на зголемени тензии во Тајванскиот теснец по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека Кина ја загрозува безбедноста на Тајван и ги повика земјите да го поддржат островот и, како што наведе, „заедно да ги бранат слободата и демократијата“.

Претходно, тајванското Министерство за одбрана соопшти дека кинеската војска денеска истрелала проектили од островот Мацу.

Претходно, источната команда на Народноослободителната армија на Кина објави дека истрелала неколку конвенционални проектили во водите на источниот брег на Тајван, како дел од планираните воени вежби.

Кинеската Народноослободителна армија рано утринава започна големи вежби со боева муниција во водите околу Тајван, еден ден по посетата на Пелоси на Тајпеј.

Пелоси престојуваше во кратка ненајавена посета на Тајван, што наиде на остра осуда од Кина и доведе до зголемени тензии во Тајванскиот теснец. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk