logo
logo
logo

Кинеско отварање

Што е целта и ТАЈНАТА НА КИНЕСКИОТ ШПИОНСКИ БАЛОН НАД АМЕРИКА

Vecer | 04.02.2023

Што е целта и ТАЈНАТА НА КИНЕСКИОТ ШПИОНСКИ БАЛОН НАД АМЕРИКА

Балонот виден над САД полетал од Кина и тој е, според Кинезите, цивилна направа што се користи за научни истражувања, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Министерството изрази жалење што балонот бил над територијата на САД, со образложение дека скршнал од рутата поради ветерот.

Балонот над САД има на себе електронски уреди, и се уште е тајна за американските безбедносни сили. „Не го соборувајте кинескиот аеростат“ побараа од Пентагон, а претседателот Бајден се согласи, Пентагон објасни зошто

„Знаеме дека балонот го нарушил воздушниот простор на САД и меѓународното право, што е недозволиво“, рече Рајдер, посочувајќи дека станува збор за „разузнавачки балон“ кој во овој момент не претставува „физичка или воена закана за луѓето на теренот.

Според Рајдер, кинескиот “метеоролошки“ балон повеќе од 70 часа лета врз државата иво одредено време  се наоѓал во централниот дел на САД движејќи се кон исток. Како што додаде, балонот е на надморска височина од околу 20 километри и има способност за маневрирање. САД не соборуваат овој аеростат што се наоѓа во воздушниот простор на земјата поради страв дека тоа може да доведе до жртви на земјата, додаде портпаролот на Пентагон.

Патувајќи, балонот долго се задржал над американската воената база „Вајтмен“ во Мисури, која се наоѓа во центарот на САД, напиша на Твитер сенаторот од државата Мисури, Ерик Шмит. Тоа е главната база на бомбардери B-2 Spirit и тактички нуклеарни боеви глави.

Тој додаде фактот што балонот се приближува до базата е апсолутно неверојатен и дека ниту еден Американец не треба да трпи такво нешто.

Гувернерот на Мисури Мајк Парсон на Твитер изјави дека не добил информации од Белата куќа во врска со прелетувањето на кинескиот балон над територијата на таа сојузна држава.

Во меѓувреме се појавија информации дека кон САД се движи уште еден кинески шпионски балон, а трет е виден над Јужна Америка.

Жителите на градот Билингс во Монтана, над чија територија минал кинески балон го снимиле моментот на експлозија на неидентификуван објект.

Судејќи по патеката, погодена е уште една цел. Според американските и канадските медиуми, по првиот, кој моментално минува низ државата Илиноис, имало уште еден балон.

Покрај тоа, Пентагон известува за откривање на уште една извидничка сонда над територијата на Латинска Америка, која се движи во правец на САД.

Конечно, падна одлука...

САД го соборија кинескиот шпионски балон кај брегот на Каролина, откако тој помина чувствителни воени локации низ Северна Америка и стана нова точка тензии во тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг. Во тек е операција во територијалните води на САД во Атлантскиот Океан за да се извлечат остатоците од балонот, кој летал на околу 60.000 фити и се проценува дека е со големина на три училишни автобуси.

Претседателот Џо Бајден претходно денеска на прашањето за балонот изјави „ние ќе се погрижиме за тоа“. Федералната управа за авијација (ФФА) и крајбрежната стража работеа на расчистување на воздушниот простор и водите под балонот додека стигна до океанот. Телевизиските снимки покажаа мала експлозија, по што балонот се спушти кон водата. Беа забележани американски воени авиони како летаат во близина, а бродови беа распоредени во водите за да ја спроведат операцијата за прибирање на остатоците.

Балонот денеска бил забележан над Каролина додека се приближувал до брегот. Како подготовка за операцијата, администрацијата на ФАА привремено го затвори воздушниот простор над крајбрежјето на Каролина, вклучувајќи ги аеродромите во Чарлстон и Миртл Бич, Јужна Каролина и Вилмингтон, Северна Каролина. ФАА го пренасочи воздушниот сообраќај од областа и предупреди на доцнење како резултат на ограничувањата на летовите. Крајбрежната стража ги советуваше морнарите веднаш да ја напуштат областа поради воените операции на САД „кои претставуваат значителна опасност“.

Кина изрази жалење за балонот над САД, велејќи дека се работи за метеоролошки балон што залутал, но американскиот државен секретар Антони Блинкен вчера ја откажа посетата на Пекинг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk