logo
logo
logo

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Vecer | 11.05.2021

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицираше индискиот сој на коронавирус, исто така познат како „двоен мутант“, како можност од нова глобална загриженост, пренесува Би-Би-Си.

Според првичните истражувања, варијантата Б.1.617 многу лесно и брзо се шири за разлика од другите соеви и бара дополнителни студии.

СЗО наведува дека овој вид веќе се проширил во повеќе од 30 земји.

Другите три видови на коронавирус од Велика Британија, Јужна Африка и Бразил беа оценети на сличен начин.

Индискиот вид на Ковид-19 покажува дека лесно и брзо се пренесува, предизвикува потешка клиничка слика, а забележлива е и намалена ефикасност на терапиите и вакцините, односно активност на антитела.

Овој сој во моментов се анализира за да се утврди дали е одговорен за огромното зголемување на случаите во Индија каде болниците и крематориумите се пренатрупани, пренесуваат медиумите.

Според последните податоци, во Индија се регистрирани 366.161 нови случаи на заразени со Ковид-19, а починале 3.754 лица.

Експертите велат дека реалните бројки се веројатно многу повисоки од регистрираните.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk