Земјите што во моментот вакцинираат млади, здрави, нискоризични луѓе против Ковид-19 го прават тоа на штета на животот на здравствените работници, возрасните лица и другите ризични групи во преостанатите земји, истакна првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

Шефот на СЗО посочи дека неправедната дистрибуција на вакцините не е само морален гнев, туку е и економски и епидемиолошки самоуништувачка.

Предупреди дека се зголемува нееднаквоста во пристапот до вакцини против коронавирусот меѓу богатите и сиромашните земји и повтори дека светот е на работ на катастрофален морален неуспех ако не се преземат итни мерки за да се обезбеди правична распределба на вакцините против коронавирусот.

„Додека некои земји се натпреваруваат да го вакцинираат целото свое население, други држави немаат ништо“, рече Гебрејесус.

 

makfax.com.mk