logo
logo
logo

СЗО СЕ ОГЛАСИ ЗА ОМИКРОН: Постои загриженост за можноста да го избегне стекнатиот имунитет

Vecer | 29.11.2021

СЗО СЕ ОГЛАСИ ЗА ОМИКРОН: Постои загриженост за можноста да го избегне стекнатиот имунитет

За разлика од првите соопштенија откако сојот беше откриен во Јужна Африка, а потоа пристигна во Европа, а во кои експертите на таа светска организација беа нејасни, сега дадоа поконкретни детали, но и прогнози кои не се ветувачки.

СЗО утринава соопшти дека на земјите-членки веќе им се дадени инструкции во врска со новиот вид на Ковид-19, а се посочува дека постои голема веројатност за натамошно ширење на тој сој низ светот.

Исто така, СЗО предупредува дека во зависност од карактеристиките на оваа варијанта кои се уште се истражуваат, може да има сериозни последици.

„Омикрон има невиден број мутации, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз текот на пандемијата“, соопшти СЗО, додавајќи дека веројатноста за „потенцијално натамошно ширење“ на мутациите е „висока“ на глобално ниво.

Првата препорака до земјите-членки е да ги прилагодат „мерките за меѓународно патување“, наведувајќи дека наскоро ќе бидат издадени подетални упатства.

„Имено, постои загриженост за можноста омикронот да го избегне стекнатиот имунитет“, додаваат од Светската здравствена организација, истакнувајќи дека тогаш постоела голема веројатност за натамошно ширење на омикрон на глобално ниво.

„Во зависност од овие карактеристики, може да има идни бранови на „Ковид-19“, што може да има сериозни последици. Проценуваме дека севкупниот глобален ризик поврзан со новиот вид на „Ковид-19“ е многу висок“, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk