logo
logo
logo

СЗО: Од коронавирус починале околу 115.000 здравствени работници

Vecer | 21.10.2021

СЗО: Од коронавирус починале околу 115.000 здравствени работници

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека од февруари 2020 година до мај годинава од Ковид-19 починале околу 115.000 здравствени работници.

СЗО додава дека е исклучително важно здравствените работници да имаат приоритет при вакцинирањето.

„Основата на секој здравствен систем е составена од нејзините вработени. Ковид-19 ни покажа колку се потпираме на нив и колку сме ранливи кога оние што го штитат нашето здравје не се заштитени“, рече шесофт на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Според податоците од 119 земји, во просек двајца од пет здравствени работници се целосно вакцинирани на глобално ниво. Но, се разбира, ова е просек и не ги покажува огромните разлики меѓу регионите и економските групи. Во Африка, 1 од 10 здравствени работници е целосно вакциниран, додека во повеќето земји со високи приходи повеќе од 80% од нив се вакцинирани“, рече Гебрејесус.

„Ги повикуваме сите земји да обезбедат приоритет за сите здравствени работници при вакцинирањето, заедно со другите ризични групи“, додаде тој.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk