logo
logo
logo

СЗО објави смирувачки податоци: Смртноста од корона НАМАЛЕНА за 20 отсто

Vecer | 24.02.2021

СЗО објави смирувачки податоци: Смртноста од корона НАМАЛЕНА за 20 отсто

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во периодот од 15 до 21 февруари смртноста во светот од Ковид-19 е намалена за 20 отсто во однос на претходниот еднонеделен просек.

Тенденцијата на намалување на смртноста трае веќе шест недели по ред, се наведува во редовниот неделен извештај на СЗО.

Падот на зачестеноста од заразување со коронавирус е посебно видлив во земјите од северна и јужна Америка (19 проценти), западниот Пацифик (девет отсто) и во Европа (седум проценти), а намалување на смртноста е регистрирано во Африка (20 отсто) и во југоисточна Азија (шест проценти).

Во северна и јужна Америка во изминатите седум дена се потврдени околу 1,06 милиони новозаразени и над 34.000 починати, а во Европа над 939.000 нови случаи на инфекција со коронавирусот и повеќе од 24.000 починати лица.

Бројот на новозаразени се зголеми во текот на изминатата недела во САД и изнесува над 480.000, а на второ место се наоѓа Бразил со повеќе од 316.000 нови случаи на Ковид-19.

Во изминатите седум дена во Франција се евидентирани околу 131.000 новозаразени, во Русија над 92.000, во Индија повеќе од 86.000, Велика Британија над 78.000, Шведска околу 65.000 и во Иран речиси 55.000 инфицирани луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk