logo
logo
logo

СЗО: „Ковид сè уште е закана - НЕ Е ВРЕМЕ да се прогласи крај на пандемијата“

Vecer | 30.01.2023

СЗО: „Ковид сè уште е закана - НЕ Е ВРЕМЕ да се прогласи крај на пандемијата“

Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот објави дека коронавирусот продолжува да претставува извонредна меѓународна јавно здравствена криза, што е највисоката форма на предупредување на агенцијата. Пандемијата е веројатно на „преодна точка“ која сè уште бара внимателно управување за „да се ублажат потенцијалните негативни последици“, се вели во соопштението на СЗО.

Поминаа три години откако агенцијата на Обединетите нации го прогласи Ковид-19 за глобална здравствена закана. Пандемијата уби повеќе од 6,8 милиони луѓе во сите делови на светот, а болеста имаше негативно влијание врз светската економија и функционирањето на општествата. Ситуацијата се менува во 2020 година со доаѓањето на вакцините и терапии, пишува Ројтерс.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази надеж дека вонредната состојба ќе биде укината оваа година, особено ако пристапот до мерките за борба против инфекцијата се подобри на глобално ниво.

Советниците на експертскиот комитет на СЗО за статусот на пандемијата минатиот декември рекоа дека веројатно не е време да се прогласи нејзиниот крај поради неизвесноста околу бранот на инфекции во Кина, која на крајот ги укина строгите мерки „нулта ковид“ од 2022 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk