logo
logo
logo

СЗО ја одобри вакцината на „Синовак“ за итна употреба

Vecer | 01.06.2021

СЗО ја одобри  вакцината на „Синовак“ за итна употреба


Светската здравствена организација ја одобри кинеската вакцина на компанијата „Синовак“ за итна употреба. Во соопштението се наведува дека одобрувањето од страна на СЗО е знак за националните регулаторни тела дека препаратот е безбеден и ефикасен и овозможува оваа вакцина одобрена од СЗО да се најде во глобалната програма на „Ковакс“, која обезбедува вакцини за сиромашните земји, пренесува Ројтерс.

Процесот на анализа на техничката советодавна група на СЗО започна на 5 мај, а одлуката беше донесена по анализата на најновите клинички податоци за безбедноста во ефикасноста на вакцините на „Синовак“ и производствениот процес на кинеската компанија.

Ова е втора кинеска вакцина која доби дозвола за итна употреба откако претходно зелено светло доби и производот на државната кинеска компанија „Синофарм“.

Потсетуваме дека вакцините кои во моментов се достапни и одобрени засега се ефикасни против „сите видови на коронавирусот“, објави Светската здравствена организација.

„Сите ќе треба да ја земеме и третата доза од вакцината против коронавирусот за 6, 8 или 12 месеци“, велат од СЗО.

Според оваа организација, ширум целиот регион кој го опфаќа и делот од Централна Азија, има опаѓање за 60 % на бројот на новозаразени случаи со Ковид-19 за еден месец.

“Ние се движиме во вистинската насока, но треба да бидеме будни. Зголемувањето на мобилноста, физичката интеракција и собирањето може да доведе до зголемено пренесување на вирусот во Европа”, рече Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk