logo
logo
logo

СЗО: Четврта недела по ред расте бројот на починати од коронавирус

Vecer | 14.04.2021

СЗО: Четврта недела по ред расте бројот на починати од коронавирус


Бројот на лица заразени со Ковид-19 на глобално ниво расте седма недела по ред, се вели во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО), кој се однесува на податоците добиени на 11 април.

СЗО изјави дека во неделата која заврши на 11 април имало повеќе од 4,5 милиони нови случаи и 76.000 смртни случаи, објави „Си-ен-ен“.

Тоа е зголемување на бројот на смртни случаи од коронавирус за седум проценти во споредба со претходната недела, односно зголемување на смртните случаи четврта недела по ред.

Најголем број на новозаразени лица е забележан во Индија, САД, Бразил, Турција и Франција.

Зголемен е и бројот на земји кои пријавуваат нови варијанти на вирусот, соопшти СЗО.

Варијантата Б.1.1.7 за прв пат идентификувана во Велика Британија сега е пронајдена во 132 земји, варијантата Б.1.351 за првпат идентификувана во Јужна Африка сега е пронајдена во 82 земји, а варијантата П.1 за првпат идентификувана во Бразил сега е пронајдена во 52 земји, се вели во извештајот.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk