Светската здравствена организација соопшти дека најверојатно се соочуваме со значително намалување на вкупниот број смртни случаи директно или индиректно припишани на коронавирус.

Презентирајќи го годишниот Извештај за светското здравје, СЗО процени дека во 2020 година, најмалку три милиони луѓе починале од ефектите на КОВИД-19, или 1,2 милиони повеќе од евидентираните.

Агенцијата на Обединетите нации проценува дека 3,4 милиони смртни случаи до јуни 2021 година може да бидат директно поврзани со пандемијата.

„Тој број може да биде два до три пати поголем“, рече Самира Асма, помошник началник на одделот на СЗО за оваа анализа.

„Затоа мислам дека проценката би била 6 до 8 милиони починати.“ додаде таа.

Аналитичарот на СЗО за податоци, Вилијам Мсембури, рече дека проценката вклучува непријавени смртни случаи од КОВИД-19, како и лица кои починале поради недоволен болнички капацитет и епидемиолошки ограничувања

Официјалниот број „го намалува целосниот ефект на болеста“, рече Мсембури.