logo
logo
logo

СЗО: Богатите земји мора да ги споделат вакцините со Балканот, Централна Азија и Африка

Vecer | 05.02.2021

СЗО: Богатите земји мора да ги споделат вакцините со Балканот, Централна Азија и Африка


Европа и фармацевтските групи мора да работат заедно за да ги забрзаат вакцинациите против Ковид-19 и да ги споделат дозите со сиромашните земји, изјави шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација, изразувајќи загриженост за ширењето на нови видови на вирусот.

„ Треба да работиме заедно за да ги забрзаме вакцинациите“, рече директорот на СЗО за европскиот регион, Ханс Клуге, во интервју за АФП, додека Европа се бори да го надмине бавниот почеток на кампањата за вакцинација, во услови на тензии меѓу Брисел и производителите на вакцини.

Клуге рече дека конкурентските фармацевтски компании мора да ги здружат силите за „драстично зголемување на производствениот капацитет“.

Во Европската унија, само 2,5 проценти од населението ја примило првата доза на вакцина, иако најавите на повеќе лаборатории за зголемено доставување вакцини ги зголемија надежите за забрзување на вакцинирањето.

На прашањето дали вакцините достапни од декември ќе бидат ефикасни против новите видови на вирусот, Клуге рече дека тоа е големо прашање и дека е загрижен.

„ Ние мора да бидеме подготвени за нови проблематични мутации на вирусот“, предупреди тој, повикувајќи ги земјите да го прошират капацитетот за секвенционирање на геномот.

Тој го повтори повикот на СЗО до богатите земји да се солидаризираат со сиромашните земји кои не се во можност да купат вакцини, барајќи од богатите да ги споделат своите дози откако ќе вакцинираат дел од сопствената популација.

Клуге предложи богатите земји да ги дистрибуираат своите вакцини откако ќе се вакцинираат стари лица, здравствени работници и лица со истовремени болести, без да се чека да го поминат прагот од 70 проценти од вакцинираните потребни за стекнување имунитет на стадо.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk