Светски скандал - Империја заработува милијарди: Произведува лек против болки кои прават зависност!

Лекот против болки наголемо се препишува и злоупотребува, милиони се зависници од нив, а бројот на умрени од предозирање расте.

Втора генерација огранокот на семејството Саклер, сопственици на гигант за фамакоиндустрија, последните месеци се во центар на внимание на јавноста поради врска со "опијумска криза" која ја тресе Америка.

Наводно компанијата која е во нивна сопственост произведува лек против болки кои влијаат на голем број смртни случаи со преозирање

Салкетови кои се едни од 20 најбогати семејства во Америка и спрема податоците на "Форбс" имаат околу 14 милијарди долари. Најголем дел од богатството потекнува од фарцевската компанија.
Лекот против болки наголемо се препишува и злоупотребува, и како што пишуваат американски и британски медиуми, милиони се зависници од нив, додека бројот на умрени од предозирање расте.
Саклер е познат и по филантропски донации на институт за уметност и елитни академии, особено во САД и Велика Британија, а музеите и академиите во знак на благодарност често го истакнуваат нивното име.

Во авторскиот текст за британскиот "Гардијан", професор и бив шеф во оделот за психијатрија бихевиорална наука на Универзитетеот Дјук, Ален Френсис, го споредил семејството Саклер со нарко-картели кои контролираат произвотство на дрога.

- И покрај фактите сека Саклерови и картелите прават пари од лекови кои предизвикуваат голема зависност и уништуваат многу животи, никој сеуште не ги одбил нивните донации и парите кои ги давале. Забрануваме да продаваме крвави дијаманти, но им дозволуваме на Саклерови на паметен начин да ги користата крвавите пари како би го скриле срамот под маска на добротворна работа.

- Нема крила Пабло Ескобар во њујоршкиот Метрополитен музеј, или галерија Ел Чапо во Гугенхејм. Донациите на Саклерови не доаѓаат од љубов према човештвото, туку поради нарцисоидни амбисии, потреба за своето име да го овековечат како најголемо достигнување – напишал професор Френсис.

Спрема порталот "Национален институт за злоупотреба на лекови" при американската федерална влада, секој ден повеќе од 115 американци умираат од предозирање од опиум, кој се препишува како лек против болки - хероин и други.

Водечките медиуми во САД и Велика Британија, се меѓу главните виновници за "опиумската криза" истакнуваат токму од семејството Саклер.
"Гардијан" оваа недела објавил текст под наслов "Запознајте ги Саклерови: семејство кое се обвинува за опимуска криза".

Американскиот "Њујоркер" уште минатата година во октомври објавил голема приказна за "Семејство кое изградило империја за болки".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари