logo
logo
logo

ШОКАНТНО ОДНЕСУВАЊЕ:

Свештеник УКРАЛ 115 000 евра од донации: ПАРИТЕ ги трошел на опијати и баханалии

Vecer | 22.09.2021

Свештеник УКРАЛ 115 000 евра од донации: ПАРИТЕ ги трошел на опијати и баханалии

Четириесетгодишниот италијански свештеник Франческо Спанези е уапсен откако било откриено дека ги проневерил донациите на парохијаните. Тој, имено, донациите за црквата ги користел за купување дрога и сексуални забави, пренесуваат италијанските медиуми.

Локалните власти потврдиле дека присвоил повеќе од 115 000 евра, кои раскалашено ги трошел на опијати и баханалии.

Инаку, служел во парохијата Кастелина де Прате, недалеку од Фиренца.

- Истрагата против Спанези почнала во август по апсењето на Алесио Реџина, кој имал афера со жупникот и кој е уапсен заради увоз на разни седативи за поправање на расположението, рекол помишникот на обвинителот Лоренцо Гестри, пренесува порталот Радиоактива.

Според зборовите на судсиот портпарол, парохот е откриен за време на забава со повеќе од 200 гости, вклучително и лекари, медицински сести, управници на банки и деловни луѓе.

Откако веста станала вирална, бискупот на гратчето Прато, Џовани Нербини признал дека чувствува „болка и вознемиреност“ и објаснил дека му наредил на Спанези да појде на психолог. Спанези во моментов е во домашен притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk