Сведоштво на момче од Дума: „Не намамија со колачиња во болницата и не полија со вода“

Момчето што се појави на снимките по наводниот хемиски напад во сирискиот град Дума, открива што се крие зад снимката, пренесува „Раша тудеј“. Тој за рускиот медиум навел дека во болницата го намамиле со колачи, а потоа го полиле со вода.

Нападот се случи пред две недели, по што Западот од една и Русија и Сирија од другата страна си ја префрлаат вината едни на други. Како што наведува „Раша тудеј“, паниката, врисоците и преплашените деца се видени на снимката, што наводно настанале по нападот од 7 април. Снимката од тогаш кружи во медиумите, но и на социјалните мрежи.

На снимките се наоѓа момчето кого спасувачите го поливаат со вода. Во продолжение се наведува дека не е јасно кои се тие, дали се лекари, активисти или припадници на „Белите шлемови“.

Единаесет годишниот Хасан Дијаб се наоѓал во подрум со неговата мајка.

„Некој викаше дека мораме да одиме во болницата, па отидовме таму. Влеговме и некои луѓе ме зграбија и почнаа да ме поливаат со вода“ рекол за РТ, при што се наведува и дека момчето немало никакви симптоми од труење со гас.

Привет. Это Хасан Диаб. Ему 11 лет и он снимался в ролике Белых касок за еду (финики, рис, печенье) 7 апреля в Думе. Хасан жив и здоров и передает привет всем, кто так сильно переживает за пострадавших в Думе от отравления, и одобряет удары по Сирии. ************************************************************In return for playing a victim in #WhiteHelmets propaganda video 11 year old #HassanDiab got some badly needed food a few dates, rice, and a cookie He is alive and well and sends his greetings to everyone#whitehelmets #douma #syria #chemicalattack

A post shared by Евгений Поддубный (@evgeny.poddubny) on

Според сознанијата, момчето го нашол неговиот татко, кој не знаел ништо за наводниот хемиски напад.

„Отидов во болницата, се качив на спрат и ги најдов сопругата и децата. На децата им дале колачиња во болницата“ рекол таткото.

Неодамна за Би-Би-Си даде изјава и девојче кое исто така се појавува на снимката.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари