– Борбени авиони за Украина беа „дел од разговорот“, рече Сунак на заедничката прес-конференција со Зеленски, кој потврди дека ќе се приклучи на самитот на ЕУ в четврток. Тој побара и ракети со голем дострел.

Руската Амбасада во Велика Британија го предупреди Лондон да не испраќа борбени авиони во Украина, нагласувајќи дека таквиот потег ќе има последици за целиот свет.

Велика Британија ги објави плановите за проширување на програмата за обука на војската на Украина за да се осигура дека нејзините пилоти можат да летаат со софистицирани авиони според стандардите на НАТО. /МИА