logo
logo
logo

Судир на воз и локомотива во Чешка; едно лице загина, а пет се повредени

Vecer | 27.06.2022

Судир на воз и локомотива во Чешка; едно лице загина, а пет се повредени

Прага - Во судир на брз воз и локомотива на железничка станица во североисточниот дел на Чешка загина едно лице, а пет се повредени.

Несреќата се случила рано изутринава во градот Бохумин, набрзо откако возот тргнал за Прага, соопштија од чешките железници, пренесува АП.

Загинал машиновозачот на брзиот воз, а повредени се четворица железничари во локомотивата и едно лице во возот. Не е познато дали локомотивата се движела во моментот на судирот.

Спасувачите велат дека патниците не се повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk